Драма во Милано: Ливерпул од сомнителен пенал го победи Интер (ВИДЕО)

Актуелниот англиски шампион Ливерпул славеше на гостувањето во Милано кај Интер со 1-0, но голот беше постигнат од сомнителен пенал кој предизвика бурни реакции. Во истиот термин беа одиграни уште неколку меча, меѓу кои Барселона оствари триумф над Ајнтрахт Франкфурт (2-1), а Челси загуби од Аталанта со 1-2.

Дербито во Милано понуди возбудувања и драма на теренот, а Ливерпул првпат ја затресе мрежата во 32. минута, но голот беше поништен поради игра со рака.

Ливерпул напаѓаше и се обидуваше да ја пробие одбраната на „нераѕурите“, а посебно внимание привлече пеналот кој го досуди судијата во 88. минута.

Одговорноста за ударот од белата точка ја презема Доминик Собослаи, кој без проблеми ја затресе мрежата на Интер и обезбеди победа од 1-0.

Кнауф ги израдува гостите од Франкфурт во 21. минута од средбата кога погоди за 1-0, а Барселона се разбуди на стартот на вториот дел, кога Кунде со два погодоци донесе целосен пресврт.

Челси има за што да жали на гостувањето во Бергамо бидејќи водеше со 1-0 со голот на Жоао Педро, но потоа Аталанта преку Скамака и Де Кетелар стрелаше за победа од 2-1.

Останати резултати:

Монако – Галатасарај 1-0
ПСВ – Атлетико Мадрид 2-3
Ројал Унион – Олимпик Марсеј 2-3
Тотнем – Славија Прага 3-0

Standings provided by Sofascore

Фото: Liverpool FC/Facebook