Спортинг го налути Баерн, па доживеа тежок пораз во Минхен (ВИДЕО)
Германскиот гигант ја погоди мрежата на Спортинг уште во шестата минута, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
Мрежите мируваа сè до 54. минута кога Спортинг поведе со автоголот на Кимих, но тоа го налути баварскиот тим кој постигна три гола за 12 минути, односно во период од 65. до 77. минута.
Гнабри стрелаше за израмнување во 65. минута, а потоа погодија и Карл и Тах за целосен пресврт и победа од 3-1 на Баерн Минхен.
Standings provided by Sofascore
Фото: Facebook/FC Bayern München