Баерн има „чудо од дете“: Карл испиша историја во ЛШ (ФОТО)

Германскиот гигант Баерн Минхен славеше со 3-1 против Спортинг Лисабон во шестото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а талентираниот фудбалер Ленарт Карл се запиша во историјата на елитното натпреварување.

Карл ја продолжи серијата на три меча по ред на кои постигнува гол, со што стана најмладиот фудбалер на кој му успеало такво нешто во ЛШ.

„Чудото од дете“ успеа да стигне до неверојатниот рекорд на возраст од 17 години и 290 денови, па така го урна рекордот на Килијан Мбапе.

Талентираниот фудбалер се запиша во листата на стрелци во натпреварите против Клуб Бриж, Арсенал и Спортинг Лисабон.

Фото: EPA