Познати се двете екипи кои се пласираа во нокаут-фазата на ЛШ (ФОТО)

По денешните натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ) стана јасно дека две екипи дефинитивно продолжуваат во нокаут-фазата, а тоа се Арсенал и Баерн Минхен, кои и математички ги обезбедија пласманите.

По вечерашните натпревари, Арсенал остана лидер со 15 бодови, додека Баерн е втор со ист број поени, но полоша гол-разлика.

Арсенал и Баерн веќе обезбедија нокаут-фаза, односно ниту еден од нив не може да падне под 20 место на табелата во ЛШ.

Фото: FC Bayern München/Facebook