Јакимовски блесна со 30 поени: Тренто го прегази Бурж во Еврокупот
Тренто ја загуби првата четвртина со 19-23, но затоа во следната му дозволи на ривалот да постигне само 12 поени, додека го полнеше нивниот кош за предност од 46-35 на паузата.
Бурж на стартот на второто полувреме за момент ја врати неизвесноста, меѓутоа Тренто со фантастични 10 минути во последната четвртина стигна до големата победа.
Јакимовски го заврши натпреварот со 30 поени, седум скокови и две асистенции и приреди вистинско шоу на паркетот.
Фото: Facebook/Aquila Basket Trento