Скандал ја тресе ФИФА: Инфантино под истрага поради политичка пристрасност?
Невладината организација „ФерСквер“ поднесе пријава до Етичкиот одбор на ФИФА против претседателот Џани Инфантино поради кршење на политичката неутралност.
Пријавата вклучува и барање за истрага за доделувањето на наградата за мир на американскиот претседател.
„ФерСквер“ тврди дека Инфантино повеќе пати јавно го поддржал Трамп и неговата политика, а притоа лобирал за да му биде доделена Нобеловата награда за мир.
Организацијата смета дека такви изјави се неприфатливи и поради тоа бара мерки за првиот човек на ФИФА.
Фото: EPA