Норвешка ја декласира Црна Гора и избори полуфинале на СП
Норвежанките тргнаа фуриозно во мечот и уште во првото полувреме го најавија триумфот, откако на паузата имаа предност од „плус осум“ (19-11).
Црна Гора не успеа да одговори во вториот дел, односно ѝ дозволи на Норвешка дополнително да ја зголеми предноста и да слави со 32-23.
Најефикасна во победничкиот тим беше Хени Рајстад со девет голови, додека Ѓурѓина Јауковиќ постигна осум гола за Црна Гора.
Фото: EPA