Алонсо самоуверен пред дерито: Ќе го победиме Манчестер сити!
„Кралевите“ утре ќе ги пречекаат „граѓаните“ од 21 часот во Мадрид, а Алонсо е самоуверен пред дербито.
„Тоа ќе биде голем натпревар и одлична шанса да освоиме бодови. Подготвени сме да се соочиме со предизвикот. Тимот е подготвен и уверен во победа“, кажа Алонсо.
Шпанскиот гигант пред неколку дена доживеа шокантен пораз од Селта (0-2) на „Сантијаго Бернабеу“.