
Јапонија доаѓа на двомеч со машката македонска репрезентација
Тоа е на програмата во јануари, македонската репрезентација е во група во данскиот град Хернинг, а првите тестови ќе ги има во двомеч со Јапонија, на домашен терен.
„Со 'Трофејот Македонија' оваа недела не е крајот на нашите обврски околу репрезентациите. До крајот на годинава имаме уште неколку важни турнири и квалификации. Пред се, машката У18 репрезентацијата во Луксембург ќе игра квалификации за пласман на Европското првенство во 2026 година и нашите цели се јасни - пласман на шампионатот. Таа селекција веќе имаше неколку настапи и сметаме дека има капацитет да се пласира на голем настан. Во У19 ни доаѓа Словачка на пријателски двомеч, а што се однесува до сениорската репрезентација, закажавме двомеч со Јапонија на домашен терен на 30 октомври и 1 ноември и со тоа ќе почнат подготовките за Европското првенство во јануари. Наскоро треба да одржиме состанок со селекторот Кирил Лазаров на кој ќе го утврдиме планот на подготовките и сето она што му е потребно пред првенството во Данска“, рече претседателот на РФМ, Александар Стефановски.
Директорот на репрезентациите Филип Миркуловски посочи дека се договорени деталите околу продолжувањето на соработката со сите селектори, вклучувајќи го и Кирил Лазаров и дека останува само наскоро да биде ставен потпис на договорот.