Ѓорческа преку Американката Шоп до осминафинале во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по турнирите во Романија продолжи во Куршумлиска Бања каде што денеска без изгубен сет се пласираше во осминафиналето.

Ѓорческа беше подобра од Американката Ели Шоп со 2-0. Иако македонската тенисерка влезе како фаворитка бидејќи Шоп е 612. тенисерка во светот, сепак Американката прикажа солиден отпор.

Клучниот момент во првиот сет кој Ѓорческа го доби со 6-4 се случи во седмиот гем кога го освои сетот на противничката за 3-4  и таа брејк предност ја задржа до крајот.

Во вториот сет двете тенисерки стигнаа до по еден брејк, а на крајот победникот се решаваше во тај-брејк кој Ѓорческа го доби со 2-7.