Јилдиз потсети на Дел Пјеро: Постигна идентичен гол и тоа против ист противник! (ВИДЕО)

Турскиот репрезентативец, Кенан Јилдиз беше еден од најдобрите на теренот во вчерашното реми на Јувентус и Борусија Дортмунд (4-4), а голот кој го постигна потсети на легендарниот Алесандро Дел Пјеро.

Јилдиз стрелаше во 63-тата минута за 1-0 кога од работ на казнетиот простор го матираше голманот Кобел.

Интересно е што тој гол беше идентичен како погодокот на Дел Пјеро пред 30 години кога Јувентус исто така играше против Борусија Дортмунд само на гости во Германија.