Голманот на Шкупи направи старт за во затвор! (ВИДЕО)

Во финишот од натпреварот помеѓу Шкупи и Тиквеш видовме еден брутален старт од голманот на чаирчани Гроте кој до тој момент беше одличен на голот.

Тиквеш доминираше, а Гроте собра дури 11 одбрани, сепак на крајот со ваквиот старт за кој заслужено по реакција на ВАР беше испратен во соблеувалната го расипа впечатокот.