Без победник на дербито во Струга, Шкупи реди порази
Силекс вчера загуби од Башкими (2-1), а денеска Струга која исто така имаше пет победи во првите пет натпреваари ремизираше на свој терен со Шкендија (1-1).
Првото полувреме од натпреварот не донесе погодоци, додека во второто видовме по еден на двете страни. Шкендија поведе со голот на Тамба во 53. минута, но Струга израмни на десетина минути пред крајот.
Во следното коло Струга ќе игра токму против Силекс, во Кратово, додека Шкендија ќе се соочи со Тиквеш.
Тиквеш денеска стигна до првата побеа сезонава и тоа против последнопласираниот Шкупи со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Садик во 27. минута од натпреварот.
Кавадарчани само благодарение на голмано на чаирчани, Гроте не забележаа поубедлива победа. Германскиот чуввар на мрежата натпреварот го заврши со дури 11 одбрани, а само шест солидни прилики не реализираше Ивановски. На крајот, Германецот сепак го расипа впечаток откако доби црвен картон за еден брутален старт надвор од својот шеснаесетник.
Шкупи по овој пораз останува последен на табелата без бодовои со шест порази во исто толку натпревари, Тиквеш од друга страна со пет бода скокна до деветтата позиција.