
Васоски: Имаше пенал за Силекс - не знам зошто не се користи ВАР (ВИДЕО)
Васоски е незадоволен и смета дека Силекс во овој дуел е оштетен за чист пенал во второто полувреме. Станува збор за ситуација во која фудбалерот на Силекс беше во дуел со дефанзивецот на домаќините, Есмин Личина кој според Васоски направил прекршок.
„За мене чист пенал, зошто е ВАР тука, ако не се сигнализира и не се гледа снимката“, објави Васоски на социјалните мрежи.
Васоски и Силекс во следното коло во вкендот кој следи ги чека дерби натпреварот со Струга за битката за пвото место во кои ќе бидат домаќин.