Никогаш не е доцна: Словенка на 37 години за првпат освои медал на Светско првенство
Шутеј, која во Токио пристигна со деветтиот најдобар резултат оваа сезона (4,75 метри), стигна до бронзениот медал. Најпрво успеа уште еднаш да ја прескокне висината од 4,75 метри, а потоа ја совлада и висината од 4,80 метри, резултат кој беше доволен за бронза.
За Словенката ова е најголемиот успех во нејзината кариера откако претходно освои бронза на Европското првенство во 2022 година.
Првото место ѝ припадна на главната фаворитка, Американката Кејти Мун со прескокнати 4,90 метри, додека на втората позиција заврши нејзинатаа сонародничка Санди Морис со резултат од 4,85 метри.
Фото: EPA