
Ѓорѓи Ѓорѓиев има нов клуб, се врати во Франција
Францускиот прволигаш во потврдата за ангажманот на Ѓорѓиев истакнуваа дека добива одбојкар со големо искуство и настапи во земји како Турција, Франција Полска.
Претходно во Франција, Ѓорѓиев од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз, додека во минатата сезона беше дел турската одбојка и тимот на Пазарџик.
Во овој клуб за првпат на клупски план надвор од Македонија беше во ист клуб со својот брат и капитен на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев кој во меѓувреме се пресели во Романија во Рапид.
Фото: Gjorgi Gjorgiev/FB