Дерби со седум голови во Торино: Јувентус го „нокаутира“ Интер (ВИДЕО)

Вечното италијанско дерби заврши со победа на Јувентус од 4-3 против Интер во третото коло од Серија А.

Првиот гол на дербито падна по само 14 минути, кога Кели ја затресе мрежата на Интер за водство од 1-0, меѓутоа Чалханоглу во продолжение успеа да израмни на 1-1. Сепак, Јилдиз со прекрасен погодок во финишот од првото полувреме го враќа домаќинот во предност.

Интер се разигра во вториот дел, па набрзо преку Чалханоглу стрелаше за 2-2, додека Маркус Турам со нов гол во 76. минута донесе целосен пресврт за „нераѕурите“.

Радоста на гигантот од Милано не траеше долго бидејќи во 83. минута Кефрен Турам погоди за 3-3, а Аџиќ во судиското надополнување ја завери победата на Јувентус од 4-3.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Juventus