Реал подготвува извештај за судењето во Ла Лига кој ќе го испрати до ФИФА!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид најави радикален потег, односно подготвува детална документација со сите контроверзни ситуации поврзани со судењето во Ла Лига, како од минатата, така и од актуелната сезона.

Според информациите на „Реал Мадрид ТВ“, извештајот ќе биде доставен до ФИФА со цел највисокото фудбалско тело да добие јасна слика за настаните во шпанскиот шампионат.

Мадридскиот клуб веќе подолго време отворено изразува незадоволство од судиските одлуки, а ваквиот потег претставува ескалација на нивниот притисок врз домашните институции.

Очекувањата се дека извештајот ќе содржи видео-докази, статистики и анализа на ситуации кои, според „кралевите“, директно влијаеле врз резултатите и регуларноста на натпреварите.