
Фрајбург го шокира Штутгарт, Дортмунд без мака го освои Хајденхајм (ВИДЕО)
Штутгарт преку Демировиќ стигна до рано водство на гости кај Фрајбург, но домашниот состав се разбуди во завршницата од дуелот, кога во последните 10 минути погоди дури три пати. Во листата на стрелци се запишаа Матановиќ, Шерхант за конечни 3-1.
Борусија Дортмунд пристигна како фаворит во дуелот против Хајденхајм, а проблемите на гостите почнаа по 21. минута и црвениот картон на Зивзивадзе. Во продолжение на првото полувреме Гираси, а потоа Бејер погодија за конечни 2-0.
Останати резултати:
Мајнц – Лајпциг 0-1
Унион Берлин – Хофенхајм 2-4
Волфсбург – Келн 3-3
Standings provided by Sofascore