Последните секунди од драмата во Битола, Хеидарирад одбрани - па даде гол! (ВИДЕО)

Пелистер со 25-23 го победи Загреб во првото коло од Лигата на шампионите, мечот беше решаван во вистинска драма која се случуваше во последните секунди.

Беше 24-23 за Пелистер, ракометарите на Загреб тргнаа по израмнување, но не го реализираа најдобро нападот, топката беше лесен плен за голманот Хеидарирад кој ја фати, шутна од гол на гол и ги постави конечните 25-23.