Србите донеле одлука за Пешиќ, се огласи сојузот

Бурни се реакциите во Србија по елиминацијата на репрезентацијата уште во осминафиналето на Евробаскетот од Финска, дел од јавноста бараше и оставка на селекторот, Светислав Пешиќ.

Во медиумите денеска и се појавија информации дека Пешиќ добил отказ, сепак многу брзо од Кошаркарската федерација демантираа дека тоа се случило, но потенцираа и дека ќе го анализираат настапот на Европското првенство.

Кошаркарската федерација на Србија ја информира јавноста дека информациите што се појавија во одредени медиуми, а се однесуваат на разрешувањето на Светислав Пешиќ од местото селектор на машката сениорска репрезентација на Србија се неточни. Светислав Пешиќ има договор до 30 септември 2025 година.

Раководството на Кошаркарската федерација на Србија во наредните денови ќе разговара со селекторот, ќе го анализира резултатот од Европското првенство и ќе донесе одлука што е во интерес на српската кошарка и нашиот национален тим. Стоиме зад селекторот Пешиќ, кој ги донесе последните две златни медали за нашата репрезентација,“, пишува меѓу другото во соопштението.

Кога е самиот Пешиќ во прашање, тој веднаш уште по пристигнувањето во Белград порача дека нема намера да поднесе оставка.

Фото: FIBA