Чурлинов: Секоја селекција треба добро да си го испоти задникот за да победи во Скопје!

Дарко Чурлинов со гол ја круниса одличната партија против Лихтенштајн во победата на Македонија од 5-0, по мечот тој го даде своето видување за натпреварот.

Чурлинов вели дека за Македонија секогаш треба да се дава максимумот и сите да научат дека Скопје е тешко место за гостување.

„Она што го договаравме пред мечот, добро го реализираме, го пренесовме на терен и тоа ни го донесе овој убедлив резултат. Во денешниот фудбал не постои релаксирачки и лесен натпревар, никој не може да влезе со 70% од своите можности, особено кога се носи дресот на државата. Тоа треба така да биде и во иднина, ние секогаш ќе даваме 100%, а секоја селекција што ќе гостува во Македонија ќе треба да знае каде доаѓа и ќе треба да си го испоти задникот ако сака да победи во Скопје“, изјави Чурлинов.

Во октомврискиот прозорец Македонија ја очекуваат два натпревари, прво на гостински терен кај Белгија, а потоа дома со Казахстан.