Трагедија: Голман почина откако одбрани пенал! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Страшна сцена го потресе Бразил, почина голманот Антонио Едсон дос Сантос Соуса познат како Пиксе, откако одбрани пенал на футсал турнир во општината Аугусто Кореја во сојузната држава Пара.

Натпреварот беше пренесуван во живо, а на снимката може да се види како 34-годишниот голман одбрани пенал, почна да се радува и наеднаш се струполи на подот. Судиите и играчите веднаш викнаа медицинска помош, но обидите за реанимација беа безуспешни.

Едсон веднаш бил префрлен во болница, но таму само била констатирана смрт.