Алкантара се враќа во Барселона - ќе му помага на тренерот Флик!

Поранешниот фудбалер Тијаго Алкантара повторно се враќа во Барселона, каде што треба да работи со тренерот Ханси Флик.

Барселона се договори со Алкантара да се приклучи на стручниот штаб на Германецот и од следната недела ќе му се стави на располагање.

Алкантара ја заврши кариерата во 2024 година, по што требаше да почне подготовка со Барселона, меѓутоа нивната соработка беше прекината пред стартот на новата сезона.

Фото: FC Barcelona