Нова глупост на Суарез, му се заканува суспензија до 2028 година!

Ѕвездата на Интер Мајами, Луис Суарез продолжи со глупостите на фудбалските терени, откако во минатото знаеше да ги каса противниците, сега го плукна тренерот на Сиетл, по што му беше изречена жестока казна.

Суарез доби казна од шест натпревари поради гнасниот потег во дуелот меѓу Интер Мајами и Сиетл во Лига Купот, но тоа значи дека би можел да паузира дури до 2028 година.

Суспензијата значи дека Суарез ќе ја пропушти цела 2026 година во натпреварувањето, а доколку Интер Мајами не стигне до полуфинале, тоа значи дека Уругваецот ќе паузира и во 2027 година.

На турнирот се играат најмногу шест натпревари, откако секој тим игра по три меча во лигашката фаза пред да продолжи во нокаут-фазата. Доколку Интер Мајами не се пласира во финалето или во плејофот за трето место, тоа значи дека Суарез ќе може да заигра во Лига Купот дури во 2028 година.

Казната на искусниот напаѓач не се префрла на натпреварите во МЛС-лигата, меѓутоа раководството ја разгледува опцијата дополнително да го суспендира Суарез поради срамниот потег во мечот против Сиетл.

Уругваецот, исто така, се извини преку социјалните мрежи поради тоа што го плукна противничкиот тренер, меѓутоа тоа не го спаси од санкција.