Германија се мачеше три четвртини, па за 10 минути ја декласира Португалија

Германската кошаркарска репрезентација се пласира во четвртфинале на Евробаскетот, откако славеше со убедливи 85-58 против Португалија.

Првото полувреме од натпреварот понуди одлична кошарка од двете екипи. Германија ја доби првата четвртина со 17-12, но потоа Португалија успеа на паузата да замине со водство од 32-31.

Португалија даваше отпор и во третата четвртина во која Германија ја врати предноста и пред последните 10 минути водеше само со еден поен.

Германците, сепак, се разиграа во последната четвртина каде што со убедливи 33-7 ја декласираа Португалија.

Шрудер и Вагнер постигнаа по 16 поени за Германија, додека Кета запиша 18 поени и 11 скокови за Португалија.

Следен ривал за Германија на Евробаскетот ќе биде подобриот од натпреварот меѓу Италија и Словенија.