Фудбалер на Кожуф ја скина мрежата, постигна спектакуларен гол! (ВИДЕО)

Eкипата на Кожуф денеска стигна до седмиот бод во сезоната откако на гости во Каменица ја победи Саса со 1-3.

Во овој натпревар се истакна фудбалерот на гостите од Гевгелија, Петар Гугуљанов кој постигна спектакуларен гол со удар од далечина.

Гугуљанов беше стрелец во првото полувреме кога го отвори резултатот, голманот немаше шанси да интервенира, а ударто во пречката го направи погодокот само уште поатрактивен.