МЗТ тргна со победа - го совлада косовскиот тим кој има тројца Македонци

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје денеска ја почна почна серијта пријателски натпревари пред почетокот на новата сезона, а прв противник му беше косовскиот прволигаш Бора.

Тимот од Аеродром гостуваше кај косовскиот прволигаш Бора, чии членови се македонските интернационалци Адем Мекиќ, Јетмир Зеќири и Резарт Мемед и славеа со 82-79. Мечот беше исклучително тесен и неизвесен, нашиот тим го реши прашањето околу победникот во самиот финиш, односно во последните пет минути во кои се влезе со нерешен резултат (69-69).

Убедливо најдобар играч на МЗТ Скопје беше Чарлс Гил кој постигна 31 поен и 8 скока, Илајџа Мекејден додаде 18, Магдевски 11 поени, а се истакна и Дамјан Стојановски три тројки од четири шута. Од Македонците во домашниот тим, најефикасен беше Зеќири со 14 поени, Мемед постигна осум, а Мекиќ два.

Својот втор меч МЗТ Скопје ќе го игра на 13 септември против Гостивар на домашен терен.