Хаос на Евробаскетот: Дојава за бомба пред натпреварот на Србија!

Во текот на натпреварот помеѓу Летонија и Литванија во осминафиналето се случил вистински хаос кога пред салата пристигнала дојава за бомба.

Полицијата добила дојава за бомба и пронајден бил пакет кој е испратен на подетални испитувања.

Инциндентот се случил на околу еден час пред натпреварот на Србија и Финска, исто така во рамките од осминафналето.

Во тие моменти се играле последните минути од дуелот помеѓу Летонија и Литванија, по што веднаш биле затворени влезовите и излезите на стадионот. Откако пакетот бил пронајден, гледачите кои го чекале натпреварот на Србија и Финска можеле да дојдат до своите места во салата.