Влаховиќ ѝ донесе минимален триумф на Србија во Рига (ВИДЕО)

Србија ја запиша втората победа во квалификациите за Светското првенство (СП), откако денеска на гостувањето во Рига славеше со 1-0 против Летонија.

Душан Влаховиќ беше стрелец на единствениот гол на натпреварот, откако во 12. минута од средбата ја затресе мрежата на Летонија.

„Орлите“ продолжија да притискаат кон голот на домаќинот и да бараат втор погодок, меѓутоа резултатот не се менуваше до последниот судиски свиреж.

Србија по три одиграни меча е втора со седум бодови, односно два помалку од лидерот Англија.