Алкалоид си го доби заслуженото: Пехарот пристигна во Автокоманда! (ФОТО)
Алкалоид беше одличен во Европа минатата сезона и доминатно стигна до трофејот, кој денеска пристигна во Скопје, поради случувањата со АЕК во финалето.
Ќе потсетиме, по поразот во Атина (29-25), грчкиот тим во Скопје одби да излезе на теренот и натпреварот не се одигра. ЕХФ на крајот, сепак пресуди и како што се очекуваше, прогласувајќи го тимот од Автокоманда за победник.