
Пелистер 2, Куманово и Пролет стартуваа со победи во Суперлигата
Вториот тим на битолскот состав до првата победа во сезоната дојде на гости во Прилеп каде што во натпревар со две слични полувремиња беше подобар од Прилеп со 29-32.
Куманово на свој терен ја стартуваше ссезоната со триумф против Радовиш кој имаше предност по првиот дел до 15-17, но сепак во вториот дел домашниот состав „додаде гас“ и славеше со 34-32.
Екипата на Тиквеш со пораз се враќа во Кавадарци откако денес во Скопје против Пролет загуби со 22-19.