
Барди: Утре нема да биде лесно, така беше и во Вадуц
Барди не го потценува противник и истакна дека и во Вадуц не дојдовме лесно до трите бода.
„Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека го отворивме резултатот. Сите сме свесни што не очекува, направивме анализи и знаеме што мора да поправиме. Подготвени сме за дуелот со Лихтенштајн, а три бода можат да ни дадат многу да го завршиме овој прозорец на првото место.
Во натпреварот како и во секој друг претходно влегуваат со максимален респект и мотив за три бода.
Лихтенштајн и Белгија се целосно различни противници. Секогаш кгоа се игра за Македонија не ни е потребен мотив плус. Нас секогаш нè води шансата за трите бода. Сите сме свесни дека победа може многу да ни донесе. Одиме чекор по чекор, прво да победиме утре, а потоа да мислиме на следните предизвици“, изјави Барди.
Натпреварот е закажан за терминот од 18:00 часот.