ВМФЛ: Три екипи се израмнија на врвот, „седмица“ на Беласица во Прилеп!

Денеска во Македонија се играа натпревари од Втората лига во кој најголемата победа ја запиша екипата на Беласица, додека Шкендија Арачиново која беше лидер првпат не победи, па на врвот  сега има три екипи со ист број на бодови.

Беласица која е еден од фаворитите во битката за врвот на табелата го прегази Големо Коњари на гостински терен со 1-7  со што дојде до седум бода.

Исто толку има и Шкендија Арачиново којa по победите против Охрид и Преспа денес одигра 2-2 на гости кај Скопје.

Седум бода има уште и Кожуф кој денеска освои три на гостувањето кај Каменицa Саса.

Од останатите средби убедлива беше и Преспа која ги освои првите бодови во второлигашката конкуренција со триумф од 5-0 над Победа,.

ВМФЛ ТРЕТО КОЛО:

Детонит - Слога 1-0

Скопје - Шкендија Арачиново 2-2

Големо Коњари - Беласица 1-7

Кеманица Саса - Кожуф 1-3

Новаци - Вардар Неготино 3-2

Охрид - Осогово 2-0

Преспа - Победа 5-0