Манчестер јунајтед му договори позајмица на Онана во Турција (ФОТО)

Англискиот гигант Манчестер јунајтед оваа сезона нема да смета на голманот Андре Онана, па поради тоа сака да се ослободи од неговите услуги, а како следна дестинација се споменува Трабзонспор.

Поранешниот турски шампион се поврзуваше и со трансфер на македонскиот голман Столе Димитриевски, меѓутоа новинарот Фабрицио Романо објави дека веќе се договорил со „црвените ѓаволи“ за позајмица на Онана.

Иако тимовите се договорија за позајмица, последниот збор ќе го има камерунскиот голман кој наскоро ќе донесе одлука за иднината.