Дембеле го чека долга пауза, ќе го пропушти и дербито со Барселона!

Францускиот фудбалер и ѕвезда на ПСЖ, Осман Дембеле се повреди во дуелот против Украина, а медицинските прегледи покажаа дека станува збор за посериозен проблем поради кој ќе мора да паузира шест недели.

Дембеле ќе пропушти голем број натпревари на парижаните во Лига 1, но исто така нема да биде подготвен ниту за дуелите против Аталанта и Барселона во Лигата на шампиони.

Според прогнозата, Дембеле се очекува да се врати на фудбалските терени дури по 18 октомври, а најверојатно првиот меч ќе му биде против Баер Леверкузен три дена подоцна.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain