
Марк Маркез најбрз на спринт-трката во Каталонија (ВИДЕО)
Освојувачот на пол-позицијата, Алекс Маркез падна на четири круга пред крајот и остана без бодови, а тоа го искористи неговиот повозрасен брат Марк.
Фабио Квартараро го освои второто место во спринтот, додека третата позиција му припадна на Фабио ди Џанантонио.
Бодови освоија уште и Педро Коста, Енеа Бастијанини, Бред Биндер, Жоан Зарко, Лука Марини и Аи Огура.
Главната трка за Големата награда на Каталонија се вози в недела од 14 часот.
14th gold medal of the year for @marcmarquez93 ✅🥇#CatalanGP 🏁 pic.twitter.com/HBBy0hAP1E
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 6, 2025
Фото: EPA