
Младите фудбалери на Македонија повторно ја совладаа БиХ
Стефан Младеновски со удар од белата точка ѝ донесе водство на Македонија во 31. минута, но радоста траеше само три минути бидејќи Спахиќ успеа да погоди за БиХ и да израмни на 1-1.
Грешката на БиХ на стартот на второто полувреме беше казнета од Игор Ристов, кој го матира Каисер и донесе триумф за Македонија (2-1).
Македонија во првиот меѓусебен дуел против БиХ славеше со 2-0 во Радовиш.