Синер и Алкараз нема да играат само за титула, туку и за првото место на АТП листата

Утрешното финале на УС Опен нема да биде значајно само од аспект на освојувачот на трофејот, туку и ќе одреди кој ќе биде на чело на АТП листата најмалку уште еден месец.

Во моментов таму е Синер кој ја брани титулата во Њујорк и ако успее да ја одбрани ќе остане на првата позиција со околу 600 бода повеќе од Карлос Алкараз. Италијанецот е лидер на АТП листата од јуни 2024 година и во случај да слави утре ќе го освои петтиот Гренд слем трофеј и ќе си обезбеди најмалку уште четири недели на чело.

Ако победи Алкараз, ќе се врати на челната позиција на која помина 36 години, а последен пат таму беше на 10 септември 2023 година. Во случај на негова победа, предноста во однос на Синер ќе изнесува околу 600 бода, но до крајот на сезонава, како и на Австралија Опен тој брани многу помалку бодови од својот ривал и ќе има можност уште многу да ја зголеми разликата.