
Жестока казна за Суарез - ќе мора да паузира шест натпревари
Тоа значи дека ќе ја пропушти цела идна сезона во натпреварувањето во кое учествуваат клубови од САД и Мексико, а ако Интер Мајами не стигне до финалето, казната ќе му се префрли и на 2027 година. На дуелот против Сиетл, Суарез неколку пати го удри противничкиот тренер и на крајот го плукна за што подоцна се извини, но со тоа не издејствува намалување на казната.
Суспензија, но од два меча доби Серхио Бускетс, со три е казнет дефанзивецот на Интер Мајами, Томас Авилес, а со пет натпревари членот на стручниот птав на Сиетл, Стивен Ленхарт.