По „бегството“ од Чаир: Демир Имери по 13 години се враќа дома - во Дебар Маало!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Демир Имери, во продолжение од сезоната ќе настапува за тимот на Работнички, со кој денеска потпиша едногодишен договор.

За него тоа ќе биде враќање во тимот каде што ја почна кариерата во 2012 година и каде што одигра една сезона пред да се пресели во Шкендија. Во 2017 година ја почна интернационалната кариера, во која потоа настапуваше за екипи како Кемза (Албанија), ПС Кеми (Финска), Моста (Малта), Олимпик Доњецк (Украина), Влазнија, Егнатија (Албанија), Атирау (Казахстан), Андијон (Узбекистан) пред да се врати во Македонија и минатата сезона да ја мине во Шкупи. Имери на Чаир одигра 28 средби со седум голови, додека за младинската селекција на Македонија има седум меча со еден погодок.

Дебармаалци наскоро ќе ја официјализираат соработката со уште напаѓач и тоа со 21-годишниот Димитар Трајков, кој доаѓа од украинскиот тим Полисја.