
Петар Петковски се врати во ПМФЛ, ќе тресе мрежи за Пелистер!
Во Пелистер Петковски присигнува како слободен фудбалер откако му заврши договорот со Конкордија за која во изминатата сезона одигра вкупно 18 натпревари во кои постигна пет погодоци.
Сега ќе се обиде да му помогне на Пелистер, но и да ја врати најдобрата форма која ја имаше во сезоната 2018/2019 кога за Работнички на 33 средби постигна 11 голови и подели девет асистенции.
Покрај Работнички, Петковски во Македонија го носеше ресот и на Вардар каде што ја започна кариерата, во Романија настапуваше и за екипата на Ботошани.