
Еден автогол и два еврогола, младинците со пораз се враќаат од Краков (ВИДЕО)
Полска денеска беше подобарата селекција на теренот и доминираше од првата минута, а покрај трите постигнати гола Полјаците создадоа уште неколку сериозни шанси за уште некој гол.
Резултатот беше отворен во 22. минута кога по едно уфрлување од левата страна, Зенделовски си ја покажа сопствената мрежа. Тоа беше и единствениот гол во првиот дел.
Преостанатите два гола Полска ги постигна во второто полувреме и тоа во период од само три минути, прво Регула во 65. минута, па Пиенко по еден соло продор само три минути подоцна.
По овој пораз избраниците на Горан Станиќ ги очекува натпреварот на домашен терен против Италија кој е закажан за 9 септемри во Битола во терминот од 18:15 часот.