
Флик бил бесен по ремито на Барса, фудбалерите ги заклучил во соблекувална
Пред неделното реми Барселона ја отвори сезоната со победа од 3-0 над Мајорка, а потоа следуваше и победата над Леванте од 3-2. Сепак, изгледа дека Флик не бил најзадоволен од играта на своите фудбалери во ниту еден од тие три натпревари, а тоа незадоволство кулминирало по натпреварот со Рајо.
Според пишувањето на „Атлетик“, освен што ги заклучил во соблекувалната, Флик им ја повторил и изјавата која ја даде и пред новинарите на прес-конференцијата.
„Најважно е кога преодниот рок ќе заврши сите фудбалери што се во клубот да бидат 100% посветени на тимот. Без его, егото го убива успехот. Минатата сезона игравме како една целина. Мораме повторно да бидеме такви“, порачал Флик.
Исто така се наведува дека фудбалерите ја прифатиле пораката од Флик и ја сметале за исправна и праведна.
Фото: FC Barcelona/FB