Вардар со убедлива победа над Струга ја стартуваше новата сезона

Ракометарите на Вардар денеска го одиграа првиот натпревар во новата сезона од Суперлигата и во него лесно ја оправдаа фаворитската улога совладувајќ и ја Струга со 25-38.

Домаќините се држеа само во почетните минути од првото полувреме, а по водството од 6-4, Вардар полека со неколку мини-серии започна да го трасира на патот кон победата во првиот натпревар во новата сезона.

До крајот на паузата црвено-црните имаа водство со 11-19. Само што започна второто полувреме скопскиот тим за првпат дојде и до двоцифрена предност. Струга во ниту еден момент не успеа сериозно да го загрози водството на вардарци, па беше прашање само со колкава разлика ќе слави скопскиот тим. На крајот на семафорот разликата беше 13 голови.

Сезоната беше отворена со вчерашниот натпревар на актуелниот шампион Пелистер кој славеше против Бутел со 20-29.