ФИБА објави нова листа: Србија веќе не е прв фаворит, Јокиќ и друштвото дури трети!

По завршувањето на групната фаза, ФИБА објави нов ранкинг на фаворитите за титулата Евробаскетот, а Србија која беше на врвот пред почетокот на првенството сега е на третата позиција.

Пред Јокиќ и друштвото сега се Германија и Турција кои прикажаа најмногу во првата фаза, освен тоа Турција и славеше во пресметката со Србија во последното коло и тоа беше прв пораз за избраниците на Пешиќ на првенството.

Зад Србија во првитет пет фаворити се уште Грција и Франција.

Германија групната фаза ја заврши со 105.8 поени во просек по натпревар и тоа е најмногу на Европските првенства уште од 1985, па не може да се каже дека не се заслужено рангирани како најголеми фаворити во овој момент.

Фото: FIBA