Инцидент во Франција: Младата репрезентација на Луксембург имала сообраќајна несреќа

Фудбалската репрезентација на Луксембург доживеала сообраќајна несреќа пред натпреварот против Франција во квалификациитте за ЕП 2027 година и дуелот е одложен.

Како што објавија од Луксембург во несреќата петмина фудбалери заработиле повреди и биле хоспитализирани. За среќа станувало збор за полесни повреди и во болница биле пренесени повеќе превентивно.

Наводно, инцидентот се случил откако на возачот на автобусот ненадејно му се слошило и изгубил контрола. Натпреварот веќе има нов термин и ќе биде оодигран на 23 октомври.