Ѓорческа гази сѐ пред себе – фуриозно стигна до финале во Романија!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ќе игра во уште едно финале оваа сезона, откако со денешната победа над Мариа Попа (6-1, 6-4) дојде до дуелот за трофејот на фјучерс турнирот во романскиот град Слобозиа.

Македонката беше фуриозна во првиот сет, кој го доби за само половина час со еден препуштен противник за ривалот. Таа имаше нешто потешка задача во вториот дел од мечот, но со еден брејк повеќе од противничката дојде до посакуваната цел.

Ѓорческа во утрешното финале ќе ги одмери силите со уште една домашна претставничка и тоа Елена Бертеа.