
Велс исто како и Македонија - со еден гол ги освои трите бода од Казахстан!
Натпреварот меѓу Казахстан и Велс ептен наликуваше на мечот кој ние го игравме на истиот терен.
Единствениот гол падна во 24. минута кога Мур даде гол за водство на Велс од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Како и на дуелот со нашата репрезентација, така и денеска, селекцијата на Казахстан се испромашува, имаше неколку пречки, опасни шутеви, но не успеа да го најде патот до мрежата на гостите.
Со оваа победа Велс ја прескокна Македонија, сега тие се на првото место на табелата со десет бодови од пет одиграни меча, Македонија има осум бода од четири средби. Главниот фаворит Белгија е трета со четири бода, но има само два одиграни натпревари.