
Чешка тенисерка се расплака среде меч на Ју-Ес опен поради – љубовни проблеми!
Настанот се случил во четврток, кога Мучова го губеше првиот сет. Таа видливо се вознемири, почна да ги брише солзите и да гестикулира кон публиката, поради што мечот беше накратко прекинат. По кратката пауза, се извини за доцнењето, го избриша лицето и продолжи со играта, која на крај ја доби. Неколку дена подоцна, на 30 август, Мучова објасни дека реакцијата не била поврзана со резултатот на теренот.
„Не сакам многу да зборувам за тоа, но спроти мојата клупа седеше мојот поранешен дечко. Понекогаш се појавува на места каде што не треба да биде. Тоа малку ме исплаши и ми беше тешко да се концентрирам“, изјави таа на прес-конференција.
Иако играчите имаат право да побараат од организаторите да се стави одредена личност на „црна листа“ со забрана за присуство на нивните натпревари, Мучова не ја искористила таа можност.